Концерт на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова во КИЦ во Софија
- Во присуство на претставници од културната и творечката сфера во Бугарија, во Културно -информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, се одржа концерт за обоа и флејта на В

Софија, 27 септември 2021 (МИА) - Во присуство на претставници од културната и творечката сфера во Бугарија, во Културно -информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, се одржа концерт за обоа и флејта на Владимир Лазаревски и Елена Дојчинова.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Елена Дојчинова е прва флејта во Националната филхармонија на Северна Македонија и е меѓу најдобрите флејтисти во земјата.
Нејзиниот колега Владимир Лазаревски е првата обоа во Македонската филхармонија. Лазаревски има магистрирано на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, кај професор Георги Желјазов. Тој бил и соработник на Бостонскиот симфониски оркестар.
Двајцата се претставија со богата програма, со класични дела во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, која ги воодушеви љубителите на класичната музика. нк/ки/
