• сабота, 27 јули 2024

Концерт „Македонски шлагери-стари песни-нови ѕвезди“

Концерт „Македонски шлагери-стари песни-нови ѕвезди“
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва на платото на „Ист Гејт мол“ ќе се одржи концерт „Македонски шлагери - стари песни - нови ѕвезди“.

Специјални гости ќе бидат Давор ЈордановскиАндријана ЈаневскаСашо Гигов – ГишМила НиколовскаТеа ПејиќВасил Ангелов и Денис Димовски.

Диригент е Иван Еминовиќ, уметнички координатор Сања Шуплевска, а продуцент е Орце Ицковски и Оркестар Полифонија.

Во сабота пак, концерт ќе одржи групата „Баклава“ - „За Скопје со љубов“, и тоа во Сули ан - Факултет за ликовни уметности. бт/бак/

Остани поврзан