• вторник, 24 декември 2024

Конференција „Младите ги слават укажувачите“

Конференција „Младите ги слават укажувачите“
Скопје, 13 мај 2022 (МИА) - „Младите ги слават укажувачите“ е насловена денешната конференција што ќе се одржи во Скопје, поддржана од Регионалната антикорупциска иницијатива, во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ). Целта е, се наведува во соопштението од МОФ, да се одбележи денот на укажувачите. На конференцијата ќе може да се увидат искуствата од земјата, но и на глобално ниво, за позицијата на укажувачите. Најавно е дека ќе може повеќе да се слушне за каналите за откривање и механизмите за заштита на укажувачите, каков удел има граѓанското општество за поддршка на укажување преку застапување јавни политики, јавно образование, правна помош и друга поддршка, како и значењето на јавната свест, особено на младите, за важноста на укажување во борбата против корупцијата и едукација на јавноста за укажувачите. Како што е најавено, на конференцијата ќе учествуваат новинарот Томислав Кежаровски, Ѓорѓи Лазаревски, укажувач и разузнавач, Анета Арнаудовска, советник за антикорупција, РАИ секретаријат, Џерард Рајл, директор на меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство, Марк Ворт, експерт за укажување, РАИ секретаријат, Елмерина Ахметај Хреља, експерт за антикорупција, РАИ секретаријат. Ќе присуствуваат и претставници од делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и од останати организации и институции. цр/лв/

Остани поврзан