• среда, 25 декември 2024

Конференција за управување со ризици „Ризиците движат – QUO VADIS“

Конференција за управување со ризици „Ризиците движат – QUO VADIS“

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) – Втората Конференција за управување со ризици на тема „Ризиците движат – QUO VADIS“ денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на ХАЈДЕЛБЕРГ Факултетот во Скопје, во соработка со  Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје и Првата македонска банкарска aкадемија – АБИТ.

Конференцијата за управување со ризици преставува отворена платформа за споделување на искуства и гледишта за управувањето со ризици во Банкарскиот сектор во земјава. 

Годинашната конференција, според организаторите, има за цел да ги претстави гледиштата на банкарскиот сектор и супервизорскиот орган односно Народната банка околу тековните и идните очекувања за нивото на ризиците, влијанието на интерните и екстерните фактори врз нив, како и очекувањата за во иднина. Фокус на конференцијата ќе биде и растечкиот тренд на имплементација на новите стандарди во управувањето со ризици со посебен осврт на управувањето со ризиците по животната околина или ECG.

Конференцијата е наменета за Финансиски работници во сферата на управувањето и преземањето на ризиците од банкарскиот сектор, пензиски фондови, инвстициски фондови, осигурителни компании и финансиски друштва. вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан