Конференција за реформите за подобрување на образовниот систем во хотел „Лимак“
- Конференција на тема „Обезбедување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, ќе се одржи денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје, со почеток во 8:30 часот.

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Конференција на тема „Обезбедување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, ќе се одржи денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје, со почеток во 8:30 часот.
На конференцијата предвидено е поздравно обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Покрај, министерката, поздравно обраќање ќе има и Александру Албу од Делегацијата на Европска Унија во нашата држава.
Модератор на конференцијата ќе биде Валентин Нешовски, експерт за комуникации во проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“. ир/нд/
Фото: Шотскрин