• среда, 25 декември 2024

Конференција за градење доверба, заедништво и сојузништво меѓу Северна Македонија и Бухгарија

Конференција за градење доверба, заедништво и сојузништво меѓу Северна Македонија и Бухгарија
Скопје, 29 јануари 2022 (МИА) - Конференцијата БГМК 2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ денеска ќе се одржи на Американски Универзитет на Европа – ФОН. Конференцијата ќе ја отворат премиерот Димитар Ковачевски и известувачот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук. Организатор е Renew Europe и АУЕ-ФОН во соработка и со учество на претставници од локалната самоуправа и граѓанскиот сектор од Северна Македонија и Бугарија. На отворањето на конференцијата ќе се обрат и ректорот на Американски Универзитет на Европа – ФОН проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и проректорот на ВТУ „Кирил и Методиj“ од Велико Трново, проф. д-р Милко Палангурски. На панелот „За доверба во меѓусебните односи – можности и перспективи“ ќе учествуваат претседателот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, Сефер Цановски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на бугарската општина Белица, Радослав Ревански, потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Чаир Висар Ганиу, членот на УО на ЗЕЛС и градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и извршен директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ. Свој коментар на оваа тема ќе има и Ангел Ангелов, амбасадорот на Република Бугарија во Скопје. На вториот панел, насловен „Преку граѓанска соработка до заедништво и сојузништво“ ќе учествуваат Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Клубот на млади во Собранието, Андреј Стојкоски, член на Управниот одбор на Националниот младински совет на Македонија, Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци на РС Македонија, проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на Меѓународниот Славјански Универзитет од Св. Николе, Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија и Маринела Величкова, дописник на БТА од Скопје. На овој панел ќе се приклучи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Пред медиумите ќе бидат презентирани и резултати од конкурсот за раскази „Бугарија и Македонија – блиските далечни “ од страна на Ангел Јанчев – директорот на СУ „Вела Благоева”. Планирана е посета на училиште во Чаир со цел соработка на училишта во двете држави во присуство на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир. Ќе се одржи и вонредно предавање на студентите по меѓународни односи на АЕУ-ФОН од страна на Илхан Ќучук. мд/сп/

Остани поврзан