• вторник, 24 декември 2024

Конференција „Европски план за победа над канцерот: Здружување на силите“ по повод Светскиот ден за борба против ракот 

Конференција „Европски план за победа над канцерот: Здружување на силите“ по повод Светскиот ден за борба против ракот 

Брисел, 31 јануари 2024 (МИА) - Во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот – 4 февруари, Европската комисија денеска организира Конференција на високо ниво насловена „Европски план за победа над канцерот: Здружување на силите“, чиј цел е да се направи анализа на напорите на ЕУ за подобрување на квалитетот на животот на лицата жртви на оваа болеста и засилување на борбата против неа. 

Домаќин на собирот ќе биде еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес, а конференцијата ќе почне со видео обраќања на претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола. 

Како што соопшти Еврокомисијата, борбата против ракот е еден од нејзините главни приоритети во областа на здравството, што резултираше со усвојување на Европскиот план за борба против канцерот пред три години, чија цел е промена на реалноста поврзана со оваа болест.  

Преглед на резултатите од напорите на ЕК во борбата против ракот ќе даде потпретседателот на Еврокомисијата за промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас, а пред присутните ќе се обрати и белгискиот вицепремиер и министер за социјални работи и јавно здравје на Белгија, министерот Франк Ванденбруке, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. 

На Конференцијата ќе присуствуваат пациенти, здравствени работници, национални експерти и претставници на институциите на ЕУ и на меѓународни организации, како што се Светската здравствена организација (СЗО) и Унијата за меѓународна контрола на ракот (УИЦЦ).  

Темите по кои ќе се дискутира на собирот се постигнувањата во рамките на Европски план за победа над канцерот, можностите за подобрување на шансите на децата заболени од рак, важноста на скрининг прегледите, пристапот до психосоцијална онкологија, како и меѓународната соработка во борбата против оваа болест и во справување со нееднаквостите. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан