• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Конференциска лига: Пораз на Силекс на гостувањето во Црна Гора

Конференциска лига: Пораз на Силекс на гостувањето во Црна Гора

Тузи, 10.јули 2025 (МИА) - Македонскиот преставник во Конференциската лига Силекс од Кратово загуби со 2:0 (1:0) на гостувањето кај екипата на Дечиќ во Тузи, Црна Гора. Домашниот тим ги искористи приликите, а воедно и предноста од играч повеќе по исклучувањето на Мартин Мирчевски во 50.минута.

Екипата на Дечиќ поведе во 39.минута со голот на Андреј Бајовиќ, а вториот гол го постигнаа во 70.минута и стрелец беше Ибрахима Ндиаје.

Реванш дуелот се игра во Скопје на 17.јули на тренинг центарот на ФФМ.    мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан