• понеделник, 26 август 2024

Конте: Шахтјор е еден од најсилните противници на Интер во ЛЕ, но ние сакаме да играме во финалето

Конте: Шахтјор е еден од најсилните противници на Интер во ЛЕ, но ние сакаме да играме во финалето
Дизелдорф, 16 август 2020 (МИА) – Тренерот на Интер, Антонио Конте, ги искажа своите очекувања за полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Шахтјор. Ние мора да го почитуваме Шахтјор. Играме со тим кој се покажа добро во последните неколку години и е добро подготвен. Тие се најсилниот тим со кој ќе се сретнеме оваа сезона бво Лига Европа. Но, имаме намера да покажеме дека не случајно стигнавме до полуфиналето и сакаме да одиме во финале, изјави Конте. Натпреварот ќе се одржи утре, 17 август во Дизледорф со почеток во 21 часот. Во првото полуфинале, вечерва Манчестер јунајтед се среќава со Севиља. зс/

Остани поврзан