• вторник, 24 декември 2024

Конститутивна седница на новиот состав на ДКСК

Конститутивна седница на новиот состав на ДКСК

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи конститутивна седница.

Новиот состав на ДКСК започна со работа пред една недела откако претседателката комисијата Татјана Димитровска и членовите на новиот состав на ДКСК Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски, по изборот, во Собранието дадоа свечна изјава. 

На дневен ред на денешната седница на ДКСК е избор на Заменик претседател, состојба на предмети на ден 08.02.2024 година, како и активности во врска со надлежностите на ДКСК за време на изборниот период. ев/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан