• среда, 25 декември 2024

Конституиран локален Совет за превенција на Општина Кочани

Конституиран локален Совет за превенција на Општина Кочани

Кочани, 16 декември 2023 (МИА) – Со одржување на конститутивната седница во Кочани беше формиран општинскиот локален Совет за превенција, тело кое ќе работи и ќе дава препораки за подобрување на безбедноста во заедницата и за градење доверба и партнерски односи во спречувањето на негативните појави што влијаат на јавната и безбедноста во сообраќајот.

Советот го сочинуваат претставници од јавни институции на локално и државно ниво, од бизнис секторот, како и од невладини организации, а претседател ќе биде градоначалникот Љупчо Папазов.

-Иако немаме законска обврска да формираме Локален совет за превенција, тргнувајќи од потребата да изградиме систем на комуникација, систем на односи со институциите од локален и државен карактер, со одлука на Советот на Општината го конститураме за да го направиме првиот обид, затоа што Кочани има традиција подолг период наназад во функционирањето на ваков совет за превенција. Тој нема одлучувачка и извршна обврска, но сметам дека со формирањето и структурата којашто ќе влезе во неговиот состав ќе имаме многу можности да направиме повеќе. Главна задача нека биде комуникацијата меѓу луѓето кои ги водат институциите, за да ги отстраниме ризиците на кои сме изложени како граѓани, како општина и како општество, истакна градоначалникот Папазов.

Локалниот совет за превенција ќе има клучни приоритети во координација на локалните институции, анализа на работите што загрижуваат во поглед на безбедноста, како и дефинирање политики на работа и градење стратегија во решавање на локалните проблеми. Исто така, ќе иницира заеднички акциони планови поддржани од партнерите со конкретни решенија, но и за подигнување на сигурноста, безбедноста и квалитетот на животот во заедницата.

Намалувањето на ризиците во поглед на елементарни непогоди, подобрување на безбедноста и на функционирањето на структурите од локален карактер, како и отстранување на ризиците во сообраќајот, односите меѓу заедниците, се главни насоки на дејствување на телото.та/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан