• вторник, 24 декември 2024

Конституирано Локално собрание за млади на Општина Делчево

Конституирано Локално собрание за млади на Општина Делчево

Делчево, 9 јануари 2023 (МИА) - Седум делегати и седум заменици делегати од шест граѓански организации и институции го сочинуваат Локалното собрание за млади на Општина Делчево кое ја одржа својата конститутивна седница. За претседател на ова тело е избрана Ана Мавродиева, ученичка во втора гордина од СОУ „М.М.Брицо“ која беше едногласно избрана за претседавачка на Локалното собрание на млади на Општина Делчево.

-По конституирањето, а согласно со законските одредби, Собранието на млади го распиша и Јавниот повик за членови на Локалниот младински совет и изборот на членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање, истакнаа од новоформираниото Локално собрание на млади.

Локалниот младински совет на Општина Делчево ќе брои пет члена и активно ќе се залага за решавање на  младински прашања и политики.

-Локалното собрание на млади ќе има право да предлага точки на дневен ред на Советот на Општина Делчево, да иницира, учествува и дава повратни информации за процесот на локалната младинска стратегија и други политики, да доставува информации до Општина Делчево за прашања кои се однесуваат на младите и да врши други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, додаде претседателката Мавродиева.


Мандатот на членовите на Локалното собрание на млади е две години со право на уште еден избор. вс/хс/

 

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан