• петок, 20 декември 2024

Конрад: Охридскиот договор е обврзувачки за сите

Конрад: Охридскиот договор е обврзувачки за сите

Белград, 15 јуни 2023 (МИА) - Германската амбасадорка Анке Конрад изјави дека е неопходно да се рестартира дијалогот меѓу Белград и Приштина и додаде дека договорот потпишан во Охрид е „обврзувачки за сите“.

„Тоа пишува и во самиот документ. Договорот ќе стане составен дел од процесот на пристапување на Србија во Европската унија и на тој начин документот е обврзувачки. Истото важи и за Косово. Договорите од Охрид и Брисел се добри за двете страни. Тоа не е унилатерален потег во кој тој дава се само на едната страна“, изјави Конрад во интервју за неделникот НИН.

Конрад рече дека целта на договорот е јасно наведена и може да се прочита, бидејќи не е таен документ.

„Нормализацијата на односите бара различни чекори, но, меѓу другото, она што беше договорено во Охрид - немешање на Косово во однос на членството во меѓународните организации. Тоа е само еден аспект во низа точки“.

Германската амбасадорка повтори дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е цел на нејзината земја и дека Германија ќе придонесе за тој процес заедно со партнерите за конечно да се постигнат резултати.

„Резултатите имплицираат дека српската страна постојано барала - целосно да се имплементираат договорите од Бриселскиот договор склучен во 2013 година и другите договори“, рече Конрад.

Таа додаде дека локалните избори одржани на северот на Косово „не се основа за долгорочно решение“ и дека е неопходно да се организираат нови избори, со надеж дека косовските Срби ќе се вратат во институциите. паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан