Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија за 2024/2025
- Конкурси за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта Спортска академија и Математичко-информатичка гимназија за учебната 2024/2025 година објави Министерството за образование и наука.

Скопје, 4 октомври 2024 (КИА) – Конкурси за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта Спортска академија и Математичко-информатичка гимназија за учебната 2024/2025 година објави Министерството за образование и наука.
Месечниот износ на стипендијата за учениците во двете училишта е 3.500 денари кои ќе ја добиваат девет месеци во текот на учебната година.
За двата конкурса кандидатите треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ Конкурсот е отворен од денеска до 21 октомври 2024.
Списоците со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидат објавени најдоцна до 20 ноември 2024 година на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk) и во ДСУ Спортска академија односно во ДСУ Математичко-информатичка гимназија – Скопје.
Сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk
Во објавените конкурси се наведени условите што треба да ги исполнат учениците, начинот на пријавување и потребните документи за аплицирање. хс/нд/
Фото: МИА архива