• вторник, 19 ноември 2024

Конгресот отвора истрага за наводната вмешаност на Кина во хакирањето на Стејт департментот

Конгресот отвора истрага за наводната вмешаност на Кина во хакирањето на Стејт департментот

Вашингтон, 2 август 2023 (МИА) - Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска објави дека отвора истрага за сомнителна вмешаност на Кина во неодамнешното хакирање на системите за е-пошта на американското Министерство за трговија и Стејт департментот.

Претседателот на Комитетот Џејмс Комер и шефовите на два поткомитети побараа од секретарката за трговија Џина Раимондо и од државниот секретар Ентони Блинкен да го информираат Конгресот до 9 август.

„Исто така, ние сме загрижени дека овој напад врз федералните агенции, вклучително и е-поштата на висок американски владин функционер како што сте вие, одразува ново ниво на вештина и софистицираност од страна на кинеските хакери“, се вели во пораката испратена од членовите на Конгресот до Џина Раимондо. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан