• сабота, 28 декември 2024

Конго: Осомничени исламисти нападнаа село, убиени 10 лица

Конго:  Осомничени исламисти нападнаа село, убиени 10 лица
Бени, 7 февруари 2021 (МИА) - Исламисти се осомничени за убиство на 10 лица во напад на село во источниот дел на Демократска Република Конго и киднапирање на неколку лица, соопштија денеска локалните власти и еден сведок. Нападот, во кој напаѓачите користеле мачети, се случил во петокот вечерта во селото Мабуле, околу 25 километри југоисточно од Бени, соопштија локалните месиуми.. - Тие убија 10 лица тука, без причина, рече Мухиндо Мбела, кој го преживеа масакрот. Сè уште не е јасно кој го извршил нападот, иако локалните власти ги обвинуваат Сојузните демократски сили (АДФ) - вооружена група од Уганда, активна на истокот на Конго од 90-тите години на минатиот век. ссм/

Остани поврзан