• сабота, 23 ноември 2024

Конвој од Светската програма за храна ограбен од „очајни луѓе“ на влезот во Газа

Конвој од Светската програма за храна ограбен од „очајни луѓе“ на влезот во Газа

Рим, 6 март 2024 (МИА) - Конвојот на Светската програма за храна денеска беше блокиран од израелската армија на влезот во Појасот Газа, а потоа ограбен од „очајни луѓе“, соопшти агенцијата на ОН.

Светската програма за храна (WFP) со седиште во Рим соопшти дека 14 камиони со околу 200 тони храна чекале околу три часа на контролниот пункт Вади Газа, во Зејтун, на југоисток од енклавата, но не им било дозволено да одат понатаму.

Камионите потоа биле ограбени од „очајни луѓе“ кои го зеле тоа што се транспортирало, се додава во соопштението на агенцијата.

Агенцијата соопшти дека ги разгледува сите средства за испраќање помош во Појасот Газа.

ОН проценуваат дека 2,2 милиони луѓе, огромното мнозинство од населението на енклавата, се на работ на глад, особено на северот, каде што израелските сили го спречуваат влегувањето на помошта.

Агенцијата денеска објави дека гладот ​​во енклавата на север достигна „катастрофални размери“.

„Децата умираат од болести поврзани со храната и страдаат од тешка неухранетост“, соопшти агенцијата и повика на зголемување на бројот на точки за транспорт на помош во Појасот Газа, вклучително и на север. Агенцијата смета дека примирјето е итно потребно. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан