• сабота, 23 ноември 2024

,,Комуналец" Кавадарци најавува програма со која електронски ќе биде поблиску до водокорисниците 

,,Комуналец

Кавадарци, 27 мај 2024 (МИА) -  ЈП Комуналец Кавадарци најавува програма со која електронски ќе биде поблиску до водокорисниците, во интерес на сите, најави денеска директорот на ЈП Комуналец, Гоце Ангеловски.  

- Секој корисник ќе има можност сам да си направи свој акаунт каде ќе може електронски да изврши плаќање, да прикачува слика од водомерот, ќе има пристап до своите сметки, ќе има можност за пријава на одредени дефекти и поплаки. Задолжително од наша страна ќе мора да му биде одговорено која постапка сме ја преземале и со самото тоа ќе ја направиме многу поедноставена комуникацијата помеѓу граѓаните и одговорните лица во ЈП Комуналец. Многу убава програма што веќе ја имаме, ќе имаме објаснување како секој еден корисник на сметка да го направи овој сопствен акаунт, појасни директорот. 

Тој рече дека само во првите три месеци, ЈП Комуналец реконструирал околу 3.000 метри.

 - Можеме да се пофалиме дека сме претпријатие со најмногу реконструкции во Македонија и дека над 90 проценти од реконструкциите ги работиме сами со сопствени ресурси.Откако најголемиот дел од градот е добро поставен со канализациона мрежа, идејата на градоначалникот, да ниту едно село и населено место не остане без водоводни и канализациони системи, веќе се работи и со тоа не само градот туку и селата стануваат примамливи за посета, туризам како и изградба на нови куќи и викендици, подвлече директорот. 

Во секторот јавно зеленило, рече,  интензивно и редовно се одржуваат старите зелени површини и се подигаат нови, со комплет системи за наводнување.

- Од оваа година почна со производство на цвеќиња и нашата цвеќара, каде идејата за цветен град е веќе во почетна фаза на реализација. Пометувањето е забележително не само од нас туку и од сите гости кои доаѓаат од страна, упатуваат пофалби дека сме најчист град во Македонија и личиме на еден модерен европски град, што е за пример како треба да изгледа хигиената на дело, нагласи тој, зборувајќи за работата на јавното претпријатие. свд/дма/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан