• среда, 25 декември 2024

Комплетниот тим на Специја во изолација

Комплетниот тим на Специја во изолација
Рим, 18 јули 2021 (МИА) - Целата екипа на Специја е во самоизолација, откако се регистрирани уште седум случаи на коронавирус во редовите на италијанскиот фудбалски прволигаш. Специја во петокот соопшти дека еден фудбалер е позитивен на коронавирус, а по најновите тестирања се регистрирани уште шест новозаразени фудбалери и еден член на стручниот штаб. Клубот поради тоа ги прекина сите активности околу подготовките за новата сезона, а комплетната екипа е во карантин. Веста за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Специја доаѓа ден откако ФИФА го казни италијанскиот клуб со двегодишна забрана за трансфери, поради кршење на правилата за носење млади играчи од Африка. ег/ми/

Остани поврзан