• понеделник, 26 август 2024

Комплетирани полуфиналните двојки во ЛШ, Реал Мадрид – Челзи, ПСЖ – Манчестер сити

Комплетирани полуфиналните двојки во ЛШ, Реал Мадрид – Челзи, ПСЖ – Манчестер сити
Ливерпул, 14 април 2021 (МИА) – Манчестер сити и Реал Мадрид ја зачуваа предноста од првите натпревари и обезбедија вечерва пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ). Фудбалерите на Манчестер сити ја елиминираа Борусија Дортмунд со две идентични победи од 2:1, а триумфот во реваншот го обезбедија со пресврт преку Ријад Марез (55 минута од пенал) и Фил Фоден (75), откако претходно тинејџерот Џад Белингам (15) донесе водство за бундеслигашот. Реал Мадрид одигра без голови на гостувањето во Ливерпул што беше доволно шпанскиот првак да се пласира меѓу четирите најдобри во елитното клупско натпреварување, благодарение на предноста од 3:1 од првиот натпревар. Сити во полуфиналето ќе игра против Пари Сен-Жермен (ПСЖ), додека Реал Мадрид пласман во финалето во Истанбул ќе се обиде да обезбеди преку триумф над Челзи. ег/зс/

Остани поврзан