• вторник, 24 декември 2024

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Скопје, 22 март 2024

Комората на извршители на Република Северна Македонија најостро го осудува попречување на спроведување на извршувањето спроведено од извршителката Весна Јакимовска од Гостивар.

Превземањето на дејствија во домот на должникот се врши почитувајќи ја личноста и достоинството на должникот и неговото семејство па од таа причина јавноста е исклучена од постапките на извршувањето согласно обврската за извршителска тајна.

Комората ќе ги искористи сите законски средства за да се побара одговорност за недозволеното и незаконито снимање на дејствијата кои ги презема извршителот со цел реализирање на судска одлука за наплата на долг. Потсетуваме дека попречувањето при вршење на службата на извршителот е кривично дело, за кое МВР и обвинителството имаат обврска да постапуваат по службена должност. Воедно, согласно чл.85 од Законот за извршување извршителот е овластен да го отстрани лицето кое го попречува спроведувањето на извршувањето и да побара асистенција од полиција. Комората на извршители ги повикува надлежните институции за брза и ефикасна истрага се со цел целосно расчистување на случајот и правилно информирање на јавноста.

Весна Деловска, претседател на Комора на извршители 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан