• вторник, 12 ноември 2024

Комитетот за односи меѓу заедниците во посета на Дебар

Комитетот за односи меѓу заедниците во посета на Дебар
Дебар, 12 јуни 2022 ( МИА) - Членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците, предводени од пратеничката Арбана Пашоли вчера попладне беа во посета на општина Дебар, информираа од општината. Додаваат дека со Пашоли, која е пратеничка од Дебар биле и пратениците Бедри Фазлиу, Зеќир Рамчиловиќ, Љатифа Шиковска и Берат Ајдари, како и раководителката на службата на Комитетот Јасминка Перчинкова. - Ние како општина секако можеме да се гордееме со примерни меѓуверски и меѓуетнички односи. Сеуште работиме на одредени програми и проекти кои во суштина имаат постигнување на еднаквост меѓу заедниците во сите аспекти, изјавил градоначалникот Хекуран Дука. На средбата присуствувал и претседателот на Советот Фуат Спахиу и секретарот на општината Или Мирзо. - По срдечната средба бевме во посета на ромска населба "Ваков" во градот каде одблиску ги видовме најнормалните услови во кои живеат Ромите. Генералниот заклучок беше дека Дебар служи како добар модел на соживот меѓу заедниците и верските заедници, посочуваат од општината. вт/сх/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан