• вторник, 24 декември 2024

Комисијата за заразни болести предлага укинавање на сите задолжителни мерки за Ковид-19

Комисијата за заразни болести предлага укинавање на сите задолжителни мерки за Ковид-19

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за Ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција рече дека ова следува по последниот состанок на Светската здравствена организација на која Советот за итности препорача укинување на итната состојба за Ковид-19.

Предлогот се однесува и на тоа Ковидот да се третира како вообичаена заразна болест која ќе биде на ниво на другите болести.

-Препорачуваме и понатаму луѓето кои ќе прават посети во болници или оние кои ќе се најдат во болница за каква било друга услуга или интервенција се уште да користат заштитни маски особено доколку се во високата ризична група на граѓани кои имаат повеќе болести, кои се над 65 год итн. бидејќи носењето маски ни укажа на тоа колку може да се превенираат интрахоспиталните инфекции, рече Мехмедовиќ.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе одлука за препорака до Министерството за здравство преку тоа и до Владата и главниот координативен кризен штаб да бидат укинати сите

Тој информира дека се намалува бројот на заразени од Ковид-19 кои се регистрираат на неделно ниво, а рекордно најниско ниво на заболени од ковид е регистриран минатата недела-  66 заболени. Во последниот извештај нема починати, а оние кои се заразени се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка.

Ковидот, како што рече Мехмедовиќ, ќе остане да биде присутен меѓу нас, прогласување на крајот на сите мерки не значи дека веќе нема да го има и ќе треба да внимаваме. 

Се уште стојат препораките за вакцинација против Ковид-19. Според Мехмедовиќ, тоа е една од методите којашто не доведе во ситуација да направиме колективен имуминтет. 

На Комисијата се разговарало и за тоа во иднина како треба да се водат извештаите за Ковид-19 и дали треба да бидат тие на неделно или на месечно ниво. мс/бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан