Комедијата „Гимнастика за бремени жени“ на Драмско-куклениот театар од Враца, Бугарија вечерва на сцената на велешкиот театар
- Комедијата „Гимнастика за бремени жени“ на Драмско-куклениот театар од Враца, Бугарија од Здрава Каменова, во режија на Петринел Гочев, сценографијата и костими се на Надија Василева Ковачовска ја раскажува приказната за четири бремени жени, сите со име Марија, вечерва во 20 часот ќе биде изведена на големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Велес, 26 ноември 2024 (МИА) - Комедијата „Гимнастика за бремени жени“ на Драмско-куклениот театар од Враца, Бугарија од Здрава Каменова, во режија на Петринел Гочев, сценографијата и костими се на Надија Василева Ковачовска ја раскажува приказната за четири бремени жени, сите со име Марија, вечерва во 20 часот ќе биде изведена на големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Како што информираат од велешкиот театар, тие се среќаваат на час по гимнастика за трудници, а ова познанство ги води до непромислено бегство и најлуда ноќ во нивниот живот. Претстава говори за најекстремното, најтрансформативното искуство во бременоста, во исто време, и за тоа како жените така и мажите поминуваат низ овој дел од животот. Посебен акцент е ставен на љубовта, поточно како тоа убаво чувство преживува при изборот да се биде родител. Исто така, глумците го прикажуваат патувањето низ апсурдите, лудилото и љубовта на четири трудници, четворица мажи и еден ексцентричен предавач!
Во претставата улогите ги толкуваат глумците Ива Кирова, Ина Георгиева, Росица Огнијанова, Цветана Горкиева, Гергана Змијчарова, Теодор Софрониев, Борислав Сарафанов, Делчо Чолаков и Калин. ад/дма/
Фото:Плакат