• сабота, 23 ноември 2024

Комбос: Евентуален напад на Иран врз Израел би имал последици и за Кипар

Комбос: Евентуален напад на Иран врз Израел би имал последици и за Кипар

Атина. 13 април 2024 (МИА) - Загриженост за можен напад на Иран врз Израел изрази министерот за надворешни работи на Кипар, Контантинос Комбос за време на неговото учество на Делфи форумот, истакнувајќи дека вакво нешто би имало последици и за земјата и за поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

Комбос повика на воздржаност, но и додаде дека Кипар се подготвува за сите сценарија, особено поради тоа што таквата ситуација би можела да донесе и мигрантски бранови.

Тој објасни дека дополнително, можно е да бидат потребни и евакуации на граѓани на трети земји и активирање на националниот план „Естиа“ за конкретниот случај, нешто што Кипар го има спроведено во минатото и посочи дека едно е евакуација на жители на трети земји, а друго се мигранските бранови.

Во однос на мигрантското прашање рече дека е зголемен бројот на пристигнувања, особено на бегалци од Сирија и објасни дека се обидуваат заедно со Либан да најдат решение.

- Мигрантскиот проблем е заеднички и за нас и за Либан, затоа и решението не може а да не биде заедничко, со придонес од ЕУ, истакна Комбос. ср/

фото: МИА

Остани поврзан