Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени
- Околу 50 луѓе се повредени откако комбе во кое се превезувале имигранти се преврте на магистралниот пат Пирот - Ниш кај наплатната рампа Бела Паланка, јавија белградските медиуми.

Белград, 26 јули 2024 (МИА) – Околу 50 луѓе се повредени откако комбе во кое се превезувале имигранти се преврте на магистралниот пат Пирот - Ниш кај наплатната рампа Бела Паланка, јавија белградските медиуми.
Потешко повредените се транспортираат во нишкиот клинички центар, а полесно повредените во Општата болница Пирот.
Истрагата е во тек. рп/
Фото: МИА архива