Командири на МВР, во 2013 година во Струга барале поддршка за заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
- Поранешен припадник на сообраќајното одделение при МВР во Струга, Бобан Ѓеорѓиевски на денешното рочиште за случајот „Титаник“ раскажуваше како на локалните избори во 2013 во Струга добил нар
Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) - Поранешен припадник на сообраќајното одделение при МВР во Струга, Бобан Ѓеорѓиевски на денешното рочиште за случајот „Титаник“ раскажуваше како на локалните избори во 2013 во Струга добил наредби од своите претпоставени да запира и легитимира возила кој потоа ги упатувал на технички преглед каде и престојувал началникот.
- Јас се движев со мотоцикл. Од кога им ги одземав документите возилата ги упатував на технички преглед каде се наоѓаше старешината. Бидејќи Струга е мал град потоа ја разбрав причината зошто се одземени документите, односно тоа се случуваше за потоа тие лица да бидат повикани во полиција или во други јавни објекти за да им кажат за кого да гласат во спротивно ќе бидат казнети. Се работеше за заедничниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочовски. Присуството на полицијата од Скопје во Струга според мое мислење беше за заплашување на народот, изјави сведокот Ѓеорѓиевски.
Наводите на собраќајниот полицаец од Струга, во својот денешен исказ во Кривичен суд Скопје ги потврди и сведокот Беќир Беќировски кој рече дека во 2013 година му била одземена собраќајната дозвола и потоа бил повикан на разговор.
- Во март-април 2013 година имав проблеми со полицијата, со командири, со УЈП. Од кога ми беше одземена собраќајната дозвола следниот ден бев повикан во кафана од командирот Зоран Раткушиновски, таму беше и Крсте Муковски. Командирот ми рече ако ја терам процедурата по нивно ќе бидам заштитен како „бела мечка“. Лицата бара од мене да гласам за ВМРО-ДПМНЕ, изјави сведокот Беќировски.
Свој исказ во Кривичен суд Скопје на денешното рочиште дадоа и поранешни припадници на МВР, кој на локалните изборните во 2013 година од Скопје биле пратени на работни задачи во Охрид. оџ/аа/