• вторник, 03 декември 2024

Команда на украинските сили: Русија почнува нова офанзива на исток

Команда на украинските сили: Русија почнува нова офанзива на исток
Киев, 18 април 2022 (МИА) - Командата на украинските вооружени сили денеска соопшти дека забележала знаци кои укажуваат дека Русија ја започнува очекуваната нова офанзива на истокот на земјата, зголемувајќи го интензитетот на нападите во делови од регионите Доњецк и Харков.
Во објава на Фејсбук, Командата на вооружените сили исто така наведе дека главните воени сили на Русија се концентрирани на преземање контрола врз целиот регион Доњецк и Луганск.
Командата објави и дека во тек се борби во пристанишниот град Мариупол, каде Русија се обидува да го преземе градското пристаниште. паг/  

Остани поврзан