• петок, 15 ноември 2024

Колона: Заемна помош меѓу Грција и Франција во случај на вооружен напад

Колона: Заемна помош меѓу Грција и Франција во случај на вооружен напад
Атина, 6 септември 2022 (МИА) - Франција беше и ќе биде на страната на Грција и Кипар кога има закани и кршење на суверенитетот од соседни земји, порача министерката за надворешни работи на Франција Катрин Колона на средбата со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас и истакна дека договорот меѓу двете земји предвидува заемна помош во случај на вооружен напад, јави дописничката на МИА од Атина. Шефицата на француската дипломатија, која вчера беше во Анкара, посочи дека ја следат ситуацијата во грчко-турските односи и рече дека треба да се избегне ескалација, да преовладува воздржаноста и да не се даваат изјави кои може да се толкуваат како провокации, а истото го кажала и во Турција. Одговарајќи на новинарско прашање во случај на ескалација на тензиите што ќе направи Франција и како ќе ја поддржи Грција, Колона објасни дека постои конкретен член од грчко-францускиот договор за соработка во одбраната, но прават сè што можат да се избегне такво нешто. - Ако двете страни констатираат дека постои вооружен напад на територијата на едната или на другата земја, постои заемна помош. Но, повторувам дека правиме сè што можеме за да не се најдеме во оваа ситуација, објасни Колона. Дендиас рече дека Турција ѝ се заканува на Грција со војна (casus belli), „доколку ги спроведе нејзините права што произлегуваат од меѓународното морско право“ и додаде дека турската страна секојдневно го прекршува националниот суверенитет на Грција, а како пример споменувајќи над 6.100 прекршувања на воздушниот простор годинава, 157 прелети над грчка територија и 1.000 прекршувања на територијалните води. - За жал, Турција сака да го врати назад часовникот на истријата. Да ја оживее Отоманската Империја, рече Дендиас, карактеризирајќи ги изјавите на Турција како неприфатливи и за осуда и додаде дека тие не се плашат. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека може ненадејно да дојдат една вечер, Дендиас истакна дека „секој кој сонува напади и освојувања, да размисли три или четири пати“ бидејќи Грција „ќе ја брани земјата, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет“. ср/ссм/

Остани поврзан