• среда, 27 ноември 2024

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто, инвестираме во образовниот систем

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто, инвестираме во образовниот систем
Скопје, 4 октомври 2022 Со исплатата на септемвриската плата, вработените во основното и средното образование ќе добиваат за 15 отсто повисоки месечни примања. Од вкупно 32.500 вработени во основното и средното образование кои добиваат повисоки плати, 25.000 се наставници, а покачувањето изнесува просечно по 3.000 денари. Со последното зголемување, СДСМ за само пет години ги покачи платите за 36 отсто, што е повеќе од една третина. Тоа е далеку поголемо зголемување на платите, од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени само за четири проценти. Покрај платите, СДСМ инвестира и во унапредување на условите за работа на наставниот кадар. Досега, реконструирани или изградени нови се 80 објекти на основни и средни училишта низ целата држава. Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука објектите на основните и средните училишта да се префрлат на регулираниот пазар на електрична енергија што значи помали сметки за струја и непречено одвивање на наставата со физичко присуство низ целата грејна сезона. Ова, почитувани, е пример за вистинска грижа за образовниот процес, вистинска грижа за наставниците и учениците. И во време на светска економска и енергетска криза, СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за сите сектори. Даниела Колева, пратеничка на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.               Со почит,          

Остани поврзан