• сабота, 23 ноември 2024

Кои делови од телото се најболни за тетовирање?

Кои делови од телото се најболни за тетовирање?
Лос Анџелес, 20 април 2022 (МИА) - Сорен Лоренсон, познат зависник од тетоважи, откри кои делови од телото најмногу болат за време на тетовирањето. Познатиот „Неонскиот демон“ се вљубил во мастилото откако ја направил својата прва тетоважа - дрво околу папокот, пред десет години, набргу откако наполнил 18 години. Сега тој има повеќе од 200 тетоважи на телото и лицето, па дури и белките му се вештачки поцрнети. Можеби изненадувачки, вели дека тетовирањето на очното јаболко било безболно, но не било така со стомакот, ребрата и вилицата. И, тоа некогаш може да биде „права агонија“, вели тој. - Сите делови каде што има коски се „малку повознемирувачки“ поради вибрациите и преголемата чувствителност, во споредба со другите области, појаснува момчето. Сорен го сака својот изглед, но неговото религиозно семејство не ги поддржува целосно неговите животни избори. Бидејќи се школувал дома за време на неговото детство, ретко комуницирал со луѓе надвор од неговата црква и семејство. Но, кога наполнил 17 години, вели, паднал во лошо друштво и почнал да пие многу и да пуши „две кутии цигари“ на ден - како младешка побуна против строгите родители. Но, денес, 28-годишникот промовира здрава исхрана и фитнес, и верува дека настојувањето да се остане здрав, заедно со неговата страст за тетоважи - „позитивно влијае на неговото ментално здравје“.   си/ссм/

Остани поврзан