• понеделник, 23 декември 2024

Кога дојде време Европа да го покаже европското, тоа не се случи, оцени Заев

Кога дојде време Европа да го покаже европското, тоа не се случи, оцени Заев
Скопје, 17 ноември 2020 (МИА) - Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21 истакна дека му е многу мило за наградата од Берлин, оти тоа е награда за народот, кој донел мудри и внимателни одлуки. - Пред сè затворени се етнички прашања, рече Заев, додавајќи дека сега се зборува за правата на граѓаните. - Во последните три извештаи на ЕУ сме позитивно оценети, имаме договор со Бугарија како подлога за заедничка иднина. Покажавме европски манири, и кога Европа требаше да го испорача европското, тоа не се случи. Затоа велам ова е пораз на ЕУ. Постојат отворени можности до декември нешто да се смени. Јас, Владата, Парламентот, целиот народ да продолжиме во духот на пријателство да ги градиме односите. Голема неправда е тоа што се случува и мене лично ми е жал. Но, ваквата одлука не е на Борисов и на бугарскиот народ. Да дадеме шанса и во следните денови нешто да се промени. Се остави простор до декември, кога и е замислено да се одржи меѓувладината конференција-изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21. Тој дополни дека Европа е таа која треба да не мотивира да ги почитуваме европските вредности. Затоа според него државата нема друга алтернатива освен да продолжи напред, кон ЕУ. ир/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан