• недела, 17 ноември 2024

Ковачки: Спасовски да понесе одговорност, и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово

Ковачки: Спасовски да понесе одговорност, и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово

30 август 2023

Почитувани,

Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи.

Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово.

Автоматското оружје од кое е пукано се' уште не е пронајдено.

Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица.

Со цел да се забошоти случајот со предизвикување на општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили кои пукале со автоматско оружје кое се' уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице кое мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? службена ли е - полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец?

Според информациите доставени до нас, од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен после неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти.

Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото лице наместо да го спречи или пријави настанот, истиот го прикрил!

Сакајќи да ја покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници откако реагираа пост-фестум со демек расчистување на настанот, а по принципот - секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.

Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија.

Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните.

Оставка веднаш!

Прес-конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан