• понеделник, 23 декември 2024

Ковачки до Лога: За каква Европска Македонија зборувате со 2 отсто доверба во судството контролирано од ДУИ

Ковачки до Лога:  За каква Европска Македонија зборувате со 2 отсто доверба во судството контролирано од ДУИ

Скопје, 28 април 2024

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.
Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.
Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.
Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

 


Драган Ковачки, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 3

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан