Ковачевски ја пречека финската премиерка Сана Марин
- Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја пречека неговата финска колешка Сана Марин, која е во еднодневна работна посета на земјава.
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја пречека неговата финска колешка Сана Марин, која е во еднодневна работна посета на земјава.
Како што информира владината Прес-служба, согласно агендата Ковачевски и Марин ќе имаат тет-а-тет средба.
- Двајцата премиери потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, се вели во соопштението.
Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата ќе го завршат со заедничка прес-конференција. ки/сп/