Ковачевски: Фон дер Лајен е искрен пријател на Северна Македонија, лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја
- Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, е искрен пријател на Северна Македонија, која лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, е искрен пријател на Северна Македонија, која лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.
- На средбата, овде во Рејкјавик, искрено ѝ се заблагодарив што верува во нашата решителност да ги засилиме реформските процеси за подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани и побрзо да добиеме статус на полноправна членка на Европската Унија, напиша Ковачевски на ФБ. цр/дма/
Фото: Фејсбук Димитар Ковачевски