• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: Сите политички партии кои се залагаат за јасна европска иднина, имаат отворена врата за соработка со мене

Ковачевски: Сите политички партии кои се залагаат за јасна европска иднина, имаат отворена врата за соработка со мене
Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Сите политички партии кои се залагаат за јасна европска иднина на државата, за владеење на правото, борба против корупција, ефикасно справување со економската криза, поддршка на најранливите категории на граѓани, секогаш имаат отворена врата за соработка со мене, истакна премиерот Димитар Ковачевски. - Сите политички партии кои што имаат јасна цел, а  тоа е јасна европска иднина на нашата држава, полноправна членка на Европската унија за која јас лично се залагам и се залага парламентарното мнозинство. Сите политички партии кои се залагаат за владеење на право, борба против корупција, ефикасно справување со економската криза, поддршка на најранливите категории на граѓани бидејќи ова не е време на изобилство, ова е време кога треба да се покаже солидарност, да се помага на оние што се најзагрозени. Сите политички партии кои што тоа го поддржуваат секогаш имаат отворена врата за соработка со мене. За соработка на повисоко ниво на такви разговори секако дека секогаш постои можност, но тоа го оставам на идниот период кој што е пред нас, бидејќи сепак се работи за нешто за што е потребно договор помеѓу повеќе субјекти, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на фабриката „Подгорка” во Струга. Премиерот се осврна на вчерашната средба во Владата со в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, за која рече дека разговарале за европската иднина и за сите одлуки кои треба да се носат во Парламнтот со широк политички и општествен консензус. Посочи дека на средбата воопшто не разговарале за влез на Алијансата за Албанците во Владата. - Ние вчера имавме состанок со Таравари во Владата. Потоа имаше одредени шпекулации дека имавме ручек некаде, тоа се дезинформации. Со Таравари разговаравме во Владата и таму разговаравме токму за  тоа што беше во соопштението што беше објавено вчера, односно како продолжување на лидерската средба што ја имавме во изминатиот период со претседателите на сите политички партии. На состанокот раговаравме за европската иднина која што сите ја посакуваме на државата и сите одлуки кои треба да се носат во Парламнтот со широк политички и општествен консензус. Пред се разговаравме за сите оние закони и реформи коишто се однесуваат на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската и енергетската криза. Вие знаете дека во Собранието има над 130 закони, одлуки, регулативи, коишто се блокирани од неодговоротното однесување пред се на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, и рзговаравме со господинот Таравари токму за такви работи.  Не разговаравме конкретно за влез во Владата и како што ме прашавте за ресори, и ако имаме состаноци во наредниот период тогаш благовремено ќе биде најавена средбата доколку се случи, рече Ковачевски. На новинарско прашање дали Ддемократската унија за интеграција е информирана за средбите што ги остварува со политичките партии, Ковачевски рече дека со ДУИ има дневна соработка како што има и со сите други партии од владината коалиција и посочи дека сите информации се споделени многу транспарентно. Прашан со кого ќе има наредна средба, Ковачевски истакна дека цела недела и е полна со активности и разговори со политичките партии. Напомена дека вчера се сретнал со претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов, со кого очекува да се видат и идната недела.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан