• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски очекува извештај во однос на процедурите за државјанството на Онишченко

Ковачевски очекува извештај во однос на процедурите за државјанството на Онишченко
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето позитивни мислења за доделување државјанство на Украинецот Олександр Онишченко да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата. -Владата носи одлуки врз основа на мислења од страна на институции кои учествуваат во носење на одредена одлука. При доделувањето на конкретното државјанство, рече, беа доставени сите позитивни мислења од сите институции кои што требало да дадат мислење и врз основа на тоа министрите се изјаснуваат, а со оглед дека сите документи биле со позитивни мислења од сите институции, донесено е и позитивно решение. Секој министер дури и претседател на Влада, не може да ги знае процедурите во секоја институција, а овде биле вклучени четири институции. Очекувам таков извештај да биде доставен до Владата за да можеме да видиме на кој начин биле изработени тие мислења, рече Ковачевски на новинарско прашање за случајот со доделување државјанство на Онишченко на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Скопје по повод заедничката седница на владите на двете земји. За тоа дали Виктор Димовски директор на Агенцијата за национална безбедност, една од институциите кои дале позитивно мислење за случајот со државјанството, а кој треба да замине на амбасадорска функција во Франција, дали ќе биде отповикан од амбасадорската позиција, Ковачевски рече дека е најсоодветно за неговото работење одговор да се даде пред собраниската Комисија за надворешна политика, со која претседава пратеникот од опозицијата Антонио Милошоски. -Го повикувам претседателот на Комисијата за надворешни работи да свика Комисија каде што директорот на АНБ и предложен амбасадор да ги даде сите одговори на прашањата кои што ќе му бидат поставени, рече премиерот Димитар Ковачевски. вг/ац/

Остани поврзан