• сабота, 23 ноември 2024

Ковачевски: Очекуваме поддршка и соработка од општината во процесот на изградба на топловодниот систем низ Битола

Ковачевски: Очекуваме поддршка и соработка од општината во процесот на изградба на топловодниот систем низ Битола

Скопје, 3 април 2023 (МИА) - АД ЕСМ и ЕСМ Топлификација Битола очекуваат целосна поддршка и соработка од Општина Битола во процесот на изградба на топловодниот систем низ Битола, порача генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски на денешната средба со битолскиот градоначалник, Тони Коњановски.

Ковачевски и директорот на ЕСМ Топлицикација Битола, Горан Козаров, го запознаа градоначалникот Коњановски со деталите од проектот за изградбата на мрежата на топловодот низ градот.

-Топлификацијата ќе стигне до 35 институции под државна и локална надлежност и тие имаат обврска само да ги подготват сопствените инсталации да ја примат топлата вода. Сите трошоци за спроведувањето на топловодот до објектите, како и изградба на топлоизменувачи во секој од нив, се на товар на АД ЕСМ. Системот треба да биде ставен во функција во текот на грејната сезона 2025/2026 година. По завршувањето на оваа фаза од изградбата, останува отворена можноста на топловодот да се приклучат и индивидуални и колективни станбени згради, велат од ЕСМ.

Со цел навремена подготовка на објектите, додаваат, на средбата беше договорено формирање на координативно тело во кое ќе бидат вклучени стручни лица од двете страни што ќе обезбеди побрза и поефикасна реализација на проектот, во интерес на битолчани.

Вкупната вредност на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила изнесува 46 милиони евра од кои 39 милиони евра се средства од КфВ банка, а седум милиони евра се сопствени средства на АД ЕСМ.вј/аа/

Фото: ЕСМ

Остани поврзан