• среда, 25 декември 2024

Ковачевски: Отвораме ново поглавје, сега е времето да бидеме обединети за подобро утре

Ковачевски: Отвораме ново поглавје, сега е времето да бидеме обединети за подобро утре
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Се затвори едно поглавје и отвораме ново. Затоа, сега е времето кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава, напиша вечерва премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук. Сега, потенцира тој, е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за, како што вели, да можеме брзо и одлучно да го оствариме и сонот на нашата генерација, но и сонот на Илинденците и борците од НОБ. - Да се обединиме и да застанеме заедно, бидејќи само заедно сме посилни, пишува Ковачевски на Фејсбук. мс/цр

Остани поврзан