• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски од Гевгелија: Со антикризните мерки на Владата ја спасивме економијата

Ковачевски од Гевгелија: Со антикризните мерки на Владата ја спасивме економијата
Скопје, 11 ноември 2022
Во најтешката економска и енергетска криза досега со политиките на Владата предводена од СДСМ се  успева да се стабилизира економијата, тие не ги решаваат сите проблеми што ги отвори војната во Украина и глобалната енергетска криза но обезбедуваат стабилност во енергетскиот сектор порача вечерва од Гевгелија претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
На трибината претседателот Ковачевски потенцираше дека Владата предводена од СДСМ обезбедува 100% струја од домашно производство и ја субвенционира цената на струјата за повеќе од 72.000 мали потрошувачи и сите домаќинства со 80% од реалната цена на струјата.
-Обезбедивме топли училници и непречено одвивање на наставата, 365 основни и 109 средни училишта и здравствените установи  добиваат поевтина струја. Јас со мојот тим во Владата работам деноноќно за сето ова да функционира, да имаме доволно храна, струја, енергенси. Тежок период е, даваме се од себе и така ќе продолжиме, истакна Ковачевски.
Ковачевски: Апасиев и Левица се реална закана за европската иднина, Мицкоски е нивен заложник
Европската иднина, европскиот правец на државата е пред сериозна закана, порача вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Гевгелија претседателот Димитар Ковачевски.
-Еден политички субјект кој многумина го потценуваат е сериозна пречка на европскиот пат. Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Не ги потценувајте, како што изминуваат деновите Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник.  Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски, порача Ковачевски од Гевгелија.
Апасиев и Левица, додаде Ковачевски, се реалната закана за европската иднина на државата.
Ковачевски: Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во преполната сала во Гевгелија се осврна и на деструктивноста на опозицијата која според него се повеќе е сериозна пречка на европскиот пат на државата.
-Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Како што изминуваат деновите Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник, затоа што Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски.  Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе секне помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји. Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме, истакна претседателот Ковачевски.
Меѓудругото Ковачевски потенцираше дека доколку се случи да добијат можност за власт опасноста по државата е огромна заради непромислениот популизам и деструктивноста која владее во опозицијата.
-Не дај Боже ова дуо да дојде до таква моќ, може да се разбудите наутро со лажно чувство на гордост. Но и гладни, сами, затоа што вашите деца си заминале, без иднина, затоа што вашата земја ќе биде изолирана. Не се лажете - пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб. Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме да ја загрози било кој, додаде Ковачевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
______________________________________________________________________________________МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан