• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Обезбедени средства за дијабетичари и за пациенти со церебрална парализа кои користат „трикафта“, набавките во тек

Ковачевски: Обезбедени средства за дијабетичари и за пациенти со церебрална парализа кои користат „трикафта“, набавките во тек

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Во прераспределбата на Буџетот се предвидени финансиски средства за сѐ она што е потребно за дијабетичарите, за пациентите со церебрална парализа коишто користат „трикафта“ и други медицински средства, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на „Горска“ со министерот за економија Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

- Сето тоа е предвидено и тоа министерот за финансии многу јасно го кажа во неговото излагање во неколку медиуми, сѐ е предвидено во прераспределбата на Буџетот. Дури и сите нарачки се направени, меѓутоа информираше Министерството за здравство дека заради управните контроли и сите оние процедури што се однесуваат во делот на јавни набавки, сѐ уште за дел не е завршено, иако за дел веќе се завршија постапките. Така што, јас очекувам дека сѐ ќе биде завршено и сите ќе имаат пристап до она што им е потребно, подвлече Ковачевски. бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан