Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево - Охрид
- Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево - Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.

Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево - Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.
Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Изградбата на автопатот Кичево - Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
Инвестицијата изнесува 598 милиони евра, а според последните официјални информации вкупниот прогрес на градежните работи изнесува над 72 проценти.лв/са/