• сабота, 21 декември 2024

Ковачевски: Добро е што и Владата во Бугарија сака дискусија за прашања за иднината, утврдени се нашите црвени линии

Ковачевски: Добро е што и Владата во Бугарија сака дискусија за прашања за иднината, утврдени се нашите црвени линии
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Добро е што Владата во Бугарија, исто како и ние, сака дискусијата да се води во однос на прашања што не се однесуваат на строго историски прашања, туку на прашања што се свртени кон иднината, нагласи претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски вечерва на прес- конференција на која ги објави предлозите за членови во новиот состав на Владата. Нормално е, рече тој, да разговараме за проекти што се однесуваат во областа на инфраструктурата, на зголемување на економската соработка, образованието, културата, како и за начинот на кој Република Бугарија, како членка на ЕУ, може да ни помогне во процесот на пристпување кон ЕУ. Ние имаме јасни позиции, Република Северна Македонија има четири последователни позитивни извештаи за пристапување кон ЕУ и треба, потенцира Ковачевски, да ни биде доделен датум за одржување на првата меѓувладина конференција. - Во однос на нашите позиции што се утврдени во Парламентот, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се нашите црвени линии, бидејќи ние сме Македонци кои живеат во Република Северна Македонија, рече на прес-конференцијата Ковачевски. На новинарско прашање како очекува да се постигне напредок кога на денешниот Советот за безбедност во Бугарија се потврдени цврсти позиции дека нема да отстапат од ветото доколку не бидат исполнети нивните пет плус едно барање, Ковачевски повтори дека е добро доколку се разговара за прашања што се свртени кон иднината. Според него, тоа е број еден, бидејќи на тој начин може да се врати довербата, прво помеѓу двете влади и довербата помеѓу граѓаните на двете држави. - Прво, соседни земји треба меѓу себе да имаат најголема трговска и економска размена и тоа се приоритети што треба да се остварат. Во однос на заклучоците од состнаокот во Бугарија, ги немам видено во детали со оглед на тоа што во исто време траеше нашата седница на Извршниот Централнот одбор , но се надевам дека и таму се реафирмирани ставовите дека треба да разговараме за теми што значат подобар животен стандард за граѓаните, теми свртени кон иднината и оти низ таков разговор ќе ја вратиме довербата помеѓу политичарите во двете држави, помеѓу граѓаните и да не оставиме простор за пропагандисти кои ќе сеат лоша атмосфера помеѓу граѓаните на двете држави и самите држави. цр/хс/  

Остани поврзан