Ковачевски: ВМРО - ДПМНЕ нема план, ниту визија за иднината, а СДСМ и коалицијата стојат единствени на европскиот пат
- Единствено СДСМ и Коалицијата за европска иднина се единствена опција со единствен јасен план за интеграција на државата во ЕУ. Од друга страна нашите политички конкуренти, ВМРО - ДПМНЕ, ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту имаат одлучност, ниту пак имаат волја нешто да направат во тој дел, истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Гевгелија, на кој беа претставени програмата и носителите на листата на пратеници во четвртата изборна единица.
Гевгелија, 18 април 2024 (МИА) - Единствено СДСМ и Коалицијата за европска иднина се единствена опција со единствен јасен план за интеграција на државата во ЕУ. Од друга страна нашите политички конкуренти, ВМРО - ДПМНЕ, ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту имаат одлучност, ниту пак имаат волја нешто да направат во тој дел, истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Гевгелија, на кој беа претставени програмата и носителите на листата на пратеници во четвртата изборна единица.
Според Ковачевски, опозицијата единствено знае да се откаже, да ги раскара етничките зедници, да се раскара со соседите, да ја заглави државата во изолација и на крај сите да бидат виновни, освен тие.
-И тоа го гледавме 11 години во Македонија. И затоа во овие времиња вашата поддршка е најважна. Секој глас којшто ќе овозможи нашите деца, да имаат подобра иднина, да имаат побезбедна иднина, да имаат иднина во земја членка на ЕУ. Изборот пред нас е кристално јасен. На 8 мај одлучувате помеѓу надеж, за подобра европска иднина со СДСМ и Коалицијата за европска иднина или за безнадежност и враќање кон темното режимско минато со ВМРО ДПМНЕ, посочи претседателот на СДСМ.
Подвлече дека со СДСМ и нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски имаат прогресивни идеи и многу јасна визија за иднината на државата.
-Ќе слушнете еден од нивните претставници ќе каже имаме план, друг ќе каже немаме план. Единствена константа е дека ниту имаат план, ниту имаат одлучност, нешто да направат за оваа држава. Кога Киро Глигоров носеше одлука за влез во ОН ги немаше. Кога Зоран Заев носеше одлука за влез во НАТО ги немаше. Кога мене ми правеа протести по Скопје за почнување на преговорите ос ЕУ, пак ги немаше кога требаше да гласаат. Па дури и кога го потпишавме Договорот со Фронтекс, кој за првпат обезбеди чист македонски јазик во ЕУ, и тогаш ги немаше. И затоа единствени кои стојат на браникот на иднината на оваа држава се СДСМ нашите коалицони партнери и вие граѓаните, бидејќ вие граѓаните ја давааат силата на политичките партии, рече Ковачевски.
Носителот на пратеничката листа на СДСМ и Коалицијата во четвртата избора единица, Венко Филипче, истакна дека нивната понуда е јасна и искрена, а понудата на ВМРО-ДПМНЕ е дестабилизација и застој.
-Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам. Што правеше ВМРО-ДПМНЕ во овие кризни времиња? Која беше нивната улога во општеството, што направи за обичните луѓе? Блокираше. Блокираше закони за финансиска поддршка на граѓаните. Блокираше антикризни мерки. Ги плашеше граѓаните во Ковид-кризата со лажни вести. Блокираше проекти и секако нивната главна политика, блокирање на евроинтеграциите, рече Филипче.
Коносителката на изборната листа Јованка Тренчевска подвлече дека е горда на политиките на СДСМ во изминатите години.
-Покажавме како се работи на создавање општество на еднакви можности за сите. Покажавме како се создава општество со можност за еднаква социјална заштита и социјална правда за сите. Покажавме како се создаваат системски реформи за заштита на граѓаните затоа што ние ги следиме движечките вредности на социјалдемократијата, рече Тренчевска.
Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина претходно одржа предизборен митинг и во Демир Капија. рт/дма/
Фото: СДСМ