• петок, 08 ноември 2024

Ковачевски: Борбата со корупцијата мора да е приоритет на сите институции

Ковачевски: Борбата со корупцијата мора да е приоритет на сите институции
Скопје, 25 септември 2022 (МИА) -  Од Република Северна Македонија ќе зависи колку брзо земјата ќе се движи по европскиот пат, за да стане полноправна членка на Европската Унија, порача вечерва претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во интервју за НРТВ. Според него, Северна Македонија е исправена пред голем предизвик во справување со борбата со корупцијата и криминалот и со владеење на правото. Вели дека нашата држава има 45 проценти усогласено законодавство со европското, но уште поважно е спроведувањето на тие закони.-Она што е предизвик на Северна Македонија и коешто е предизвик на сите земји коишто поминале низ една широка општествена, економска и демократска трансформација, а тоа се практично сите земји кои што произлегоа од бивша Југославија, од оној поранешен Источен блок на земји, е борбата со корупцијата и со владеењето на правото. На сите институции, на сите поединци коишто водат институции, е тоа да го спроведуваат како највисок приоритет, бидејќи очекувањата и на меѓународната заедница, меѓутоа и очекувањата пред сé на граѓаните, на економските субјекти, на академските субјекти е токму спроведување на законот и владеење на правото и борбата против корупцијата. И тоа е нешто што самите ќе мораме да го направиме се разбира со помош на нашите стратешки партнери, нагласи Ковачевски.Северна Македонија, потенцира премиерот, е држава која благодарение на стратешкото партнерство со САД, добива искуства, финансиска помош и помош во знаење и унапредување на полето во борба со корупцијата. -Државата има поддршка и од Европската Унија преку голем број на проекти, на финансиски поддржани активност, преку ИПА проектите и преку други инструменти и механизми на ЕУ како и преку преговорите, истакна претседателот на Владата Ковачевски.бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан