• вторник, 24 декември 2024

Коалицијата Менуваме на средба со претставници на градоначалникот на Општина Аеродром

Коалицијата Менуваме на средба со претставници на градоначалникот на Општина Аеродром
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Делегација на Коалицијата Менуваме денеска одржа средба со претставници на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. - Коалицијата Менуваме јавно се заблагодарува од името на сите нејзини членови за транспарентноста на оваа средба, за покажаната заинтересираност за темите кои што беа предмет на меѓусебниот разговор, за искрената желба да се помогне на категоријата деца и лица со попреченост, како и за надминувањето на базираната состојбата во сферата на социјалната видливост на оваа категорија ученици со попреченост, наведуваат од Коалицијата. Антиципацијата на проблемите која што Коалицијата Менуваме ја истакна на состанокот, додаваат, беше топло поздравена од претставниците на Општина Аеродром и беше донесен заклучок дека бенефитот ќе биде двостран, а демистификацијата на девастираното социјално вон наставно образување и секојдневие на ученици со попреченост со заеднички сили ќе се надмине, т.е Аеродром набргу ќе го има првиот ВЕТ ЦЕНТАР во регионот и Југоисточна Европа. мс/сп/

Остани поврзан