• четврток, 26 декември 2024

Книжевна вечер со Румена Бужаровска во Куманово

Книжевна вечер со Румена Бужаровска во Куманово
Куманово, 13 јуни 2022 (МИА) - Вечерва со почеток во 20 часот во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе се одржи настанот „Книжевна вечер со Румена Бужаровска“, соопштија денеска надлежните од установата.
- Румена Бужаровска е авторка која оди отаде границите, стегите и воспоставените стандардизирани шаблони во книжевноста и воопшто. Го трасира патот по кој ќе тргнат многу млади книжевни автори, најпрвин скицирајќи го одмерено, поплочувајќи го со голема доза на професионализам, но и интригантност. „ПичПрич“ се женски приказни со кои јавно, нашироко се дебатира на голема сцена, пишуваат од НУЦК „Трајко Прокопиев“ од каде ги поканија кумановци да го проследат настанот. Бужаровска родена е 1981 година во Скопје, дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје. Авторка е на „Чкртки“, „Осмица‘, „Мојот маж“, „Не одам никаде“ и студијата „За смешното: теориите на хуморот низ призма на расказот. Модератор на настанот е Ирена Цветковиќ, а музички гостин е Јован Цветковиќ. Настанот е дел од проектот годишна литературна програма за 2022 година, поддржана од Министерство за култура. ам/сст/

Остани поврзан