• среда, 25 декември 2024

Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади

Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) - Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади ќе се одржи вечер во 19:30 часот во Салон Империјал 2, во Културно информативниот центар – Скопје.

Настанот ќе го модерира писателката, преведувачка и уредничка Јулијана Величковска.

Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), „Небесна геометрија“ (2019, ПНВ Публикации) и „Секој секому огледало“ (2021, ПНВ Публикации) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот).

Тој учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата, Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција, и на интернационалниот поетски фестивал „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска. Негови песни се преведени на англиски, арапски, српски, хрватски, на грчки и на италијански јазик. Член е на Управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал, стои во најавата од ЈУ Културно информативен центар - Скопје. вг/лв/

Фото: Плакат   

Остани поврзан