• петок, 05 декември 2025

Промовирана поетска книга „Слово на душата“ од Сафет Камбер

Промовирана поетска книга „Слово на душата“ од Сафет Камбер

Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Во Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје беше  промовирана книгата „Слово на душата“ од Сафет Камбер, наградуван поет, писател, новинар, уредник во повеќе телевизиски и радиоемисии и програми во редакции за ромски јазик.

-Стиховите се посветени на љубовта, болката, страдањето, но неговата поезија не е само  лирика, туку е и патриотска и социјална... Има  рефлексија на  лирика која ги афирмира интимните чувства, но и  чувствата  и социјалните  страдања  на ромската популација и нивните  стремежи.  Пишува за љубовта, болката и неправдата, со заложба овој свет да се менува. Неговите стихови им припаѓаат на сите, истакна рецензентката Билјана Челик, која ја промовираше стихозбирката заедно со архитектот Вангел Божиновски.

Како што соошти ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, Сафет Камбер е уредник и основач на повеќе радио и телевизиски  редакции и емисии на  ромски јазик, добитник на награди, признанија и благодарници и учесник на бројни јавни настани и поетски фестивали. Имал ангажмани и во театар и учествувал во филмови на режисерите Емир Кустурица, Столе Попов и  Дарко Митревски. хс/са/

Фото: Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје

 

Остани поврзан